(ВИДЕО) Хаварија на Фернандо Алонсо на релито Дакар: Иако се превртел двапати, како ништо да не било!

Контроверзниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо продолжува да шокира и на другите патеки…
Некогашниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо од скоро е возач на релито Дакар, на кое неодамна имаше несреќа која го шокираше целиот свет.


Како и сите кои се наоѓаа во близина на истата, фоторепортери и членови на тимот кои притрчале да му помогнат на Алонсо – што не било потребно.
Излегувајќи на врвот од брдото, во моментот кога требало да се спушти, Алонсо изгубил контрола над рели возилото и се превртел двапати.

Видно оштетеното возило потоа запрело, а членовите на тимот притрчале да му помогнат на Шпанецот.
Меѓутоа, неколку секунди подоцна Фернандо Алонсо успеал повторно да го покрене возилото и да продолжи по својот пат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоа е Хамилтон: Вчера меѓу последните, денес најбрз!

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, го постигна најдоброто време на последниот тренинг пред трката во …