(ВИДЕО+ФОТО) Како Хари и Меган ќе заработуваат – „Првата милијарда нема да биде проблематична“:Тука се крие нивната „златна кокошка“

Кралицата Елизабета Втора од Велика Британија објави пред јавноста дека целосно ги поддржува принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во нивната желба да продолжат да живеат со поголема независност и различна ориентација кон семејниот живот, но додаде дека се надева дека ќе ги задржат обврските што им припаѓале.
Единствената област во која војводата и војвотката од Сасекс можат да бидат независни додека ги одржуваат тековните одговорности, е областа на финансиите.

Двајцата неколку пати рекоа дека не сакаат да го финансираат животот со пари на даночните обврзници, но, сепак, „Бизнис инсајдер“ пишува дека младата двојка „лесно ќе ја достигне својата прва милијарда“…
Дејвид Еј, извршен директор на Brand Finance,, зборуваше за „БИ“ (Бизнис инсајдер) за потенцијалот за развој на брендот во нивната популарност.
Тој тврди дека парот треба да го имитира проектот на Кајли Џенер и начинот на кој таа ја развила нејзината козметичка линија.
Тој популарноста на Хари и Меган ја споредил со популарноста на Барак и Мишел Обама, што се покажа како клучна можност за пласирање книга што ја напиша поранешната прва дама.

„Влијанието на Меган Маркл е очигледно и во фактот дека сè што таа премиерно облекува буквално исчезнува од продавниците за многу кратко време“, истакнува Еј.
Основачите и консултантите на Inzpire.me, кои најтесно соработуваат со Кока-Кола и УНИЦЕФ, потенцираат дека заработката на социјалните мрежи е исто така многу важна.
Нивниот заеднички профил на Инстаграм примил 190.000 нови следбеници во последните седум дена од објавувањето на повлекувањето.
„Го добија она што го бараа а кралицата покажа дека е добра баба“

View this post on Instagram

loading...

“Wishing you all a very Happy New Year and thanking you for your continued support! We’ve loved meeting so many of you from around the world and can’t wait to meet many more of you next year. We hope 2020 brings each of you health and continued happiness.” – The Duke and Duchess of Sussex Special thanks to Chris Martin and @Coldplay for allowing us to use one of their songs Photo and video © SussexRoyal Thanks to PA for additional images and footage

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on


Експертите проценуваат дека по секој спонзориран пост, парот би можел да добие 150.000 американски долари. И тоа е почетната цена. Најголема заработка по една објава имала Кајли Џенер (1,5 милиони американски долари) , а парот Обама не заработил повеќе од 230.000 американски долари за една објава. Тука се крие капиталот за Хари и Меган .
Се чини дека првата милијарда нема да биде проблематична.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …