(ВИДЕО+ФОТО) Глумицата потполно се трансформирала: Непрепознатлива во новата улога!

Актерката не е една од оние жени кои често го менуваат својот изглед.
Блејк Лавли, која стана позната по улогата на Серена во серијата „Озборувачка“, е позната по долгата руса коса, која изгледа одлично на неа. Сепак, актерката мораше да го промени својот изглед за да го сними новиот филм, „Ритам секција“.

Блејк на Инстаграм објави фотографија, поточно селфи, а фановите едвај ја препознаа. Дури и нејзината родена сестра не ја препознала, што коментирала под фотографијата: „Ти си непрепознатливи“, напишала Робин Лавли.

Иако оваа фризура, позната како „досадна фризура“, на ретко кој му стои, фановите на актерките велат дека Блејк знае како да ја носи и дека изгледа одлично. Иако обожавателите на актерката сметале дека изненадувањата се завршени, се излажале затоа што актерката објавила друга фотографија на која изгледа сосема поинаку.

Блејк исто така носи црвена перика со кратки шишки во познатиот стил на пин-ап стил, и мора да признаеме дека таа успеала и оваа фризура добро да ја износи.Но, обожавателите ги почестила и со кусо видео од новиот филм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Била олицетворение на убавина: Поради пластичните операции денес изгледа непрепознатливо!

Никол Кидман беше фотографирана на сетот на филмот на кој работи, а нејзиниот изглед ги …