(ФОТО) ОПАСНИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: Тинејџерка се убила затоа што немала доволно лајкови на Фејсбук!

Клои Дејвисон (19), кој сакала да биде негувателка, била пронајдена мртва на 20. декември во семејниот дом во Дурам, Северна Каролина (САД).
Нејзината сестра, Џејд (20), која неодамна се омажила и станала мајка, рекла дека нејзината сестра се борела со социјална вознемиреност и дека социјалните мрежи „играле голема улога во нејзината смрт“, пишува The Sun.
„Апсолутно сум скршена. Немам зборови за да ја опишам оваа болка. Пред само девет недели добив бебе што Клои го сакаше. Клои беше мојата најдобра пријателка и не знам што ќе правам без неа“, вели Џејд, оддавајќи и почит на својата сестра.
Таа истакнала дека Клои постојано била на социјалните медиуми барајќи потврда дека е вредна.

„Клои беше тип на личност која, ако објави фотографија на Фејсбук, ќе го замолеше целото семејство да и стават лајк или пред објавување ќе ме прашаше која слика е подобра“, вели Џејд.
Според неа, Клои мислела дека не е доволно добра ако не добие лајкови и коментари на социјалните мрежи и „кога не добиваше доволно лајкови, не се чувствуваше прифатено“.
Мајката на Клои ги обвинува социјалните мрежи „за тоа што се случило“.
„Влијанието што го имаат социјалните мрежи, особено врз младите, може да биде погубно. Тие ја презедоа контролата врз животот на Клои, било да е тоа Снепчат или Фејсбук. Имаше социјална вознемиреност и не работеше. Социјалните медиуми беа нејзин начин да го помине денот. Таа скоро воопшто не излегуваше од дома“, вели мајката.
Мајката на оваа трагично почината девојка истакнува дека на младите им е потребна помош и образование за социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …