(Вознемирувачко видео) БЕСНИ МЕШТАНИ ПРЕТЕПАЛЕ ПЕДОФИЛ ПА ЖИВ ГО ЗАПАЛИЛЕ бидејќи силувал и убил девојче!

Група бесни мештани од село во Мексико запалиле, наводен педофил, откако бил обвинет за силување и убиство на девојче (6).


Локалните медиуми објавија дека Алфредо Роблеро бил претепан. Селаните потоа го полиле со бензин и го запалиле. Овој настан се случил во едно мало село во мексиканската држава Чиапас.
Роблеро е обвинет за силување и убиство на девојчето Јарид, чие исчезнување било пријавено во четвртокот. Нејзиното тело било пронајдено покрај патот во наредните денови.

Вознемирувачката снимка што ја пренесуваат светските медиуми ги прикажува луѓето околу Роблеро, кој бил врзан, додека некои го снимале по телефон, пренесува „Дејли меил“.
Пред тоа, го претепале, потоа му ги врзале рацете и нозете, го запалиле и оставиле жив да изгори.
Потоа, се гледа како Роблеро во агонија се врти на земјата. На снимките сè уште може да се слушне како вреска додека толпата свирка и извикува.

Властите соопштиле дека народот не смеел да ја преземат правдата во свои раце. Во тек е истрага за смртта на обвинетиот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …