(ВИДЕО) ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОБРАТИЛ ПРВПАТ ПОСЛЕ МЕГЗИТ: Еве што порачал!

Војводата од Сасекс, принцот Хари, денес и се обрати на јавноста, за прв пат од драмата што ја тресе Велика Британија и кралското семејство, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл, решија да станат финансиски независни.
Имено, официјалниот канал на Инстаграм на војводата и војвотката од Сасекс објави видео на принцот Хари во кое се обраќа на темата спортски игри.

View this post on Instagram

Here we come Düsseldorf 🇩🇪! The new home for the 2022 and sixth Invictus Games. Having previously been held in London, Orlando, Toronto, Sydney, and upcoming The Hague this year in May – Düsseldorf will welcome over 500 competitors as they showcase their talents, determination and camaraderie to the world! The #InvictusGames is an international adaptive multi-sport event, created by The Duke of Sussex, in which wounded, injured or sick (WIS) armed services personnel and veterans show the world what they’re capable of in a series of adaptive sports, ranging from wheelchair basketball to indoor rowing. The Duke, having spent 10 years serving in the Armed Forces, set up the @WeAreInvictusGames to celebrate the power of sport rehabilitation (both physically and mentally) and to generate a wider appreciation for those who served their country beyond their time in uniform. Participating in the Games plays a significant part in the recovery journey of WIS Servicemen and women. It doesn’t just heal the individual, it heals the whole family. • “I hope everyone in Germany is ready for what will be an incredible week of sport! I have no doubt that the German public will get right behind these Games and that every single competitor can expect a warm welcome and an amazing atmosphere.” – The Duke of Sussex For more information of the announcement, visit https://invictusgamesfoundation.org/ig2022-announcement/ Video © @WeAreInvictusGames

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

И покрај тоа што се наоѓаат во драма, Хари продолжи со своите заложби и зборуваше на социјалните мрежи за игрите „Инвиктус“, кои се меѓународен адаптивен мулти-спортски настан основан од принцот Хари.
Тој рече дека „приказната продолжува“, откако го објави продолжението на „Игрите на Инвиктус“, спортска игра за повредените воени ветерани, која принцот Хари ја основа во 2014 година.
Принцот, исто така, зборуваше за моќта на игри за лекување во семејството, неколку дена откако тој и Меган објавија дека се откажуваат од своите улоги како членови на кралското семејство.

Во нив, ранети, повредени или болни членови на персоналот на вооружените служби и ветерани му покажуваат на светот за што се способни во различни адаптивни спортови, почнувајќи од кошарка на инвалидски колички до веслање во затворено.
Самиот принц Хари служел 10 години во вооружените сили, а овој пат имаше јасна порака.
„Се надевам дека сите во Германија се подготвени за неверојатна недела на спорт. Не се сомневам дека германската јавност ќе стои зад овие игри и дека секој натпреварувач може да очекува топол пречек“, вели Хари во обраќањето.
Ова видео за половина час беше гледано од половина милион луѓе.

Тој најавил дека следните игри за воени ветерани ќе се одржат во 2022 година во Дизелдорф, Германија.
Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора одржа состанок во понеделникот, согласувајќи се дека ќе има „период на транзиција“, откако војводата и војвотката од Сасекс дадоа изјава во која се вели дека сакаат да се повлечат од кралските должности и дека ќе преговараат како тој период на транзиција ќе изгледа.

Преферираната дестинација на животот на принцот Хари и Меган Маркл е Канада, а освен Бакингемската палата во Лондон, во Канада се водат преговори за нивната иднина, каде Меган во моментот е со нејзиниот син Арчи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година,  ЈП Комунална хигиена–Скопје ќе спроведе акција за собирање …