(ФОТО) Вулканска венчавка – Вљубените Филипинци не дозволиле вулканот да им ја расипе свадбата

„Однесувањето“ на еден од најактивните вулкани на Филипините не ги спречил Чин Вафлор и Кат Баутиста Паломар да стапат во брак. Чадот и пепелта што ги фрла вулканот Таал не ги нарушил плановите на парот, па покрај опасноста тие го изговориле „судбоносното ДА“ и нивните свадбени фотографии беа навистина спектакуларни.

Фотографот Рандолф Еван за Би-Би-Си изјавил дека забележале чад што доаѓа од вулканот за време на подготовките.Тоа утро, филипинските власти издале предупредување за опасност и ја најавиле можноста за „експлозивна ерупција“.
Вулканот Таал  се наоѓа јужно од главниот град, Манила, а освен свадбените фотографии, светот го обиколиле и оние на кои се гледа дека буквално се е под пепел.

Фото: Рандолф Еван

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …