(ФОТО) Откриена тајната на добриот изглед на Жизел Бундцхен: Благодарение на овој режим таа има совршена фигура!

Нејзиниот изглед е совршен со години, а многумина се прашуваат како и успева…
Жизел Бундхен е некој кој што со својот изглед остава без здив, а нејзините совршени димензии на телото се она на што и завидуваат жените ширум светот.
Ако сакате тело како нејзино, прочитајте го следниот текст. Ви ја донесуваме тајната на нејзината тенка фигура.
Таа е многу дисциплинирана кога станува збор за вежбање и исхрана. Таа не остава ништо на случајот, па затоа има месечен распоред на сите оброци и денови кога треба да вежба.

„Многу е полесно кога планирате сè однапред“, вели таа.
Секое утро започнува со получасовно медитирање, проследено со појадок. Претежно е смути од цвекло и кељ. Ручекот е пилешко и голема порција зеленчук, а со иста содржина е и вечерата.
Пијте многу вода и чај во текот на денот, без засладувач. Соковите и се забранети, а таа го елиминира и целиот преработен шеќер од нејзината схрана. Глутен исто така не се консумира, како ниту алкохол.

И покрај тоа што сака сирење и млечни производи, скоро целосно се откажала од нив поради нејзината витка фигура. Си дозволува, еднаш на секои три месеци, да се почести со парче сирење. Пилешкото и рибата се нејзините најчести избори.
Јаде повеќе мали оброци. „Така секогаш сум сита и ако почувстувам глад, јадам неколку бадеми. Тие се многу хранливи и ме спречуваат да не се прејадам“.

View this post on Instagram

Coming soon… ✨ Em breve…

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on

Таа е поборник на здрава и органска храна, како и физичка активност. „Дисциплината е клучот за мојот успех“, заклучува таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

29. февруари, ден на големи пресврти: За овие знаци ќе биде неверојатно среќен!

Енергетските вибрации нема да бидат „обични“ денес и тие можат да им помогнат на сите …