(ФОТО) ТАТКО НА ТРИ ДЕЦА ПОРАДИ ПУКАНКИ ЕДВАЈ СЕ СПАСИЛ: Мислел дека има грип а потоа ја дознал СТРАШНАТА дијагноза!

Пожарникарот Адам Мартин добил ендокардитис – воспаление на внатрешниот слој на срцето и срцевите залистоци откако лушпа од пуканки му се заглавила меѓу забите а тој не бил во можност да го извлече.
Причината за инфективниот ендокардитис е бактерии, кои исто така можат да се најде во устата, кои влегуваат во телото преку крвотокот и можат да го оштетат срцето. Адам вели дека се сеќава дека три дена ја движел вилицата обидувајќи се да ја извади п„лушпата“ од пуканка. Тој се обидувал да ја извади со помош на завртки, капаче од пенкало, парчиња жица.


Таткото на три деца сметал дека има грип. Тој отишол кај лекар кој го испратил на ренген и тест на крвта. Се вратил дома и се одморил, но неколку дена подоцна не се чувствувал подобро. Забележал и згрутчување на крвта на прст на ногата, подоцна дијагностициран како „лезија“ од Janeway – надворешен показател за заразен ендокардитис. Потоа отишол во болница.
„Имав чувство дека нешто не е во ред. Спиев многу и се чувствував многу лошо. Имав болка во нозете. Бев примен во болницата и неколку дена ми правеа анализи и веќе бев многу загрижен.

Се покажало дека болката во нозете, згрутчувањето е реакција на инфекција а отстранувањето траело пет часа. Му биле дадени лекови за инфекција, но анализите откриле дека неговото срце е тешко оштетено и дека ќе му треба операција.
„Не сакам никој да минува низ ова низ што минав јас. Сè се случи толку брзо. Страшно е кога ќе помислам дека се’ се случи поради пуканки.


За среќа, Адам брзо се опоравил. Тој бил опериран во октомври 2019. година и сега е дома со сопругата и децата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Теретана под јорган: Пет пози кои согоруваат НАЈМНОГУ КАЛОРИИ

Половина час водење љубов потрошува околу 150. калории, но бројката може да биде поголема, во …