(ВИДЕО+ФОТО) ЗАВЕРА „МЕГЗИТ“ – ЗАД ОДЛУКАТА НА ХАРИ СТОИ ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА – ПРИНЦОТ СЕ ОСВЕТУВА ЗА СМРТТА НА МАЈКАТА! Во Велика Британија се шират страшни теории..

Поединците сметаат дека принцот со заминувањето од семејството и се осветува на кралицата Елизабета, татко му Чарлс и на сите тамошни медиуми, затоа што тој ги обвинува за трагичното загинување на Лејди Ди во 1997. година…
Одлуката на британскиот принц Хари да ја потресе монархијата со објавување за напуштање на кралското семејство, беше негова одмазда за смртта на мајката, принцезата Дијана.
Тоа е само една од необичните теории на заговор кои се шират за популарниот мегзит (заминувањето на Меган и Хари), што ја натера кралицата Елизабета Втора вчера да одржи итен состанок.


Без докази
Според порталот News18.com, многумина веруваат дека целата оваа „фрка“ е всушност добро осмислена и дека принцот сака да им се одмазди на својата баба, татко му и на британските медиуми, кои сите се виновни за смртта на неговата мајка,загината на 31. август 1997. година додека бегала на папараците во Париз. Според текстот, Хари се лутел на медиумите уште од детството, а кога британските таблоиди почнале да ја напаѓаат неговата сопруга, тој решил да им се одмазди за смртта на Лејди Ди. Според некои теории, тој за смртта на мајка си секогаш ги обвинувал Елизабета и Чарлс,за кои без никакви докази се шпекулирало дека стојат зад несреќата, па сега им се свети. Токму затоа, тој одлучил да се ожени за разведена Американка, бидејќи е сличнен на оној брак со бракот на чичкото на кралицата, Едвард Седми, што довело до уставна криза и негова абдикација. Дури има и теорија дека бракот со Меган е лажен и дека таа е само платена актерка. Се разбира, нема докази за ниту едно од овие тврдења.

Слично на тоа, поединците ја развиле теоријата дека одлуката на Хари во никој случај не била случајна и не го изненадила семејството, туку дека тоа било план на Елизабета да го искористи помладиот внук за да воведе поцврста моќ во Комонвелтот, каде што улогата на монархот била значително ослабена.
Понуда што не се одбива
Инаку, средбата на Хари со кралицата, Вилијам и Чарлс се случила вчера во замокот Сандрингам и не била завршенадо доцна во ноќта. Сопругот на кралицата, Филип, го напуштил замокот наутро незадоволен од целата ујдурма.

До вчера не се знаело дали Елизабета ќе ја казни принцевската двојка, но експертите сметаат дека е малку веројатно дека би ги укинале нивните титули како на принцезата Дајан затоа што Хари е роден со неа а Меган ја добила титулата Војвотка од Сасекс преку брак. Кралскиот фотограф Артур Едвардс верува дека кралицата на принцот Хари ќе му даде „понуда што не може да ја одбие, па војводата ќе остане во Велика Британија“.

Вчера, британските принцови Хари и Вилијам ја негираа, во заедничката изјава, „лажни вести“ во домашните медиуми дека нивната врска се влошила. „За браќата кои внимаваат на проблемите со менталното здравје, користењето ваков запалувачки говор е навредливо и потенцијално опасно“, порачале тие.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Стручњаците за говор на телото ја анализирале средбата на Џенифер и Бред – Резултатите ќе ве шокираат!

Дали мислите дека Џенифер треба да му прости за сè? Состанокот на поранешните сопружници Пит, …