(ФОТО) Љубовта прави чуда: Антонио Милошоски, на пролет, очекува петта принова!

Другарите и другарките на Давид на шега велат „секое летенце, Милошоски добиваат детенце“.
Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството.
Во собраниските кулоари се прошири информацијата дека Милошоски пред празниците веќе почестил дел од поблиските колеги со кои ја споделил убавата вест дека по петти пат ќе стане татко.
Вечер.мк го контактирал пратеникот и тој ни ја потврдил веста дека неговата сопруга Симона Милошоска е бремена и дека во текот на пролетта очекуваат бебенце.
Нивните ќерки Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12), овој пат ќе добијат братче.

„Сите сме возбудени и радосни, се надеваме на лесна бременост и пожелуваме вакви убави вести во секое семејство”,изјавил Милошоски.
На прашањето дали веќе одбрале име Антонио рекол дека за него е доволно презимето, а името на бебенцето ќе биде по избор на мама Симона.
Милошоски вели дека организациски се подготвени за новиот член на семејството.
Со раѓањето на петтото дете, Антонио Милошоски ќе стане првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинска смисла на зборот. Досега заеднички го делеа рекордот со Влатко Ѓорчев, кој со сопругата Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.
Другарите и другарките на Давид на шега велат „секое летенце, Милошоски добиваат детенце“. 
Извор:вечер.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДИВИ ТАНЦИ – ЕВЕ КАКО ДЕНЕС ИЗГЛЕДА огнената Руслана (47), победничката на Евровизија во 2004. година!

Денес има 47. години, но се чини дека времето застанало за неа и дека не …