(ВИДЕО) ПОПЛАДНЕТО ОДВОЈТЕ ГО ЗА НАШИТЕ МОМЧИЊА – Македонските ракометарите играат против Чешка: Оптимизам и поголем број на навивачи во „Штадхале“

На првиот меч на македонската ракомента репрезентација против Украина, Македонија имаше подршка од неколку илјади навивачи, а по таа победа, најавено е дека денеска таа бројка ќе биде уште поголема.
Се очекува поголем број навивачи поради тоа што натпреварот се игра за викенд во попладневни часови, што значи дека покрај фановите од Македонија, на натпреварот ќе присуствуваат и Македонци кои работат во Австрија и околните земји.
Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 16. часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

По минималниот триумф над Украина во стартниот меч од групата Б во Виена македонските ракометари попладнево се пред нов предивик на еврошампионатот. Во второто коло ги очекува ранетата селекција на Чешка која во првото коло загуби од домаќинот Австрија и сега е без право на грешка.
Но, црвено жолтите по денот одмор искористен за тренинг и анализа на првиот дуел со подршка од фалангата во арената „Штадхале“ очекуваат добра игра и резултат и против стариот должник Чешка.
Играта во одбрана против најдобриот стрелец од минатото Европско, капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала е клучен за конечниот исход на средбата. Воедно избраниците на Брестовац денеска не смеат да се дозволат пад на концентрацијата како на мечот со Украина во решавачката делница од дуелот со квалитетната Чешка.

За тешко извојуваната победа против Украина и очекувањата пред денешниот натпревар против Чешката република, репортерот на Телма разговараше со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Мартин Велковски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …