Класик во најава:Шпанија против Србија во финалето на АТП купот

Репрезентацијата на Србија во финалето на АТП Купот ќе игра против Шпанија!
„Црвената фурија“ ја совлада Австралија во полуфиналето, веќе, по нивниот натпревар во синглови.
Прво Роберто Баутиста Агут славеше против Ник Кирјос со 6:1, 6:4.
Рафаел Надал потоа по пресврт го совлада Алекс де Минор со 4:6, 7:5, 6:1.
Најдобриот тенисер на светот го загуби својот сервис во првиот гем од натпреварот. И покрај сè подобрата игра понатаму, тој не успеа да го надомести загубениот гем, па затоа првиот сет го запиша младиот Австралиец.
Во вториот сер се водеше рамноправна борба. И двајцата беа безбедни на нивната сервиси, па гемовите бргу беа завршувани. Во 13. гем, Надал успеа да се избори за првата топка за брејк која веднаш ја искористи за изедначување во сетови.
Тогаш мечот беше пресечен. Шпанецот беше фуриозен во одлучувачкиот сет, преземајќи го водството со 4:0. Иако Де Минор успеа да врати еден брејк,за 4:1, во следниот гем Надал повторно му го одзеде сервисот, па рутински го заврши натпреварот.
Ривал на Шпанија, инаку освојувачи на Дејвис куп, ќе биде српската селекција. Овој натпревар ќе можете да го гледате во недела од 08.30 часот на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на …