(ВИДЕО) Ален Исламовиќ во „Еден на Еден“ открива: „Немав пари за хотел, спиев во автомобил…“

Жаре во „Еден на еден“ муабетеше со некогашниот фронтмен на бендовите „Бијело Дугме“ и на „Дивље Јагоде“, Ален Исламовиќ на многу интересни теми, а емисијата ќе ја гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.
Босанскиот пејач искрено раскажува за неговиот пат до „Бијело Дугме“, за тоа што значи да се живее вистинскиот рокенрол, но и многу негови приватни приказни, за сопругата Маријана, за децата, за внуците.


„Кога пеев во ‘Дивље јагоде’, на една турнеја немавме пари сите да се сместиме во хотел. Половина од бендот спиеше во хотел, а половина во стариот ‘стокец’. И Бреговиќ ми раскажуваше за неговите почетоци, за времето кога јаделе паштети на турнеја, затоа што не можеле да си дозволат повеќе. Тоа е тој пат кој мора да се помине“, е само дел од приказните на познатиот босански пејач.


Ален ќе раскаже и за бизнисот на кој е многу горд, за плантажите со лешници, и ќе открие со кој нов бизнис се занимава.
Спонтан, пријателски расположен и исклучително професионален, рокерот ќе ги почести гледачите и со два големи хита, акустично, со неговата гитара. Во недела, првиот специјал на „Еден на Еден“ во 2020. со Ален Исламовиќ и неговата животна приказна е нешто што вреди да се погледне. Најавата за емисијата ќе ви открие малку повеќе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Улогата во серијата која Македонците ја обожаваа ја извадила од депресија и зависност, а животот и го одбележал несреќна љубов…

Денеска Ерика има 58. години, а на нејзиниот Инстаграм профил ја следат речиси 5 милиони …