(ФОТО) НЕ СЕ ОТКАЖУВАЛ – АНДРЕЈ 5. ГОДИНИ БИЛ ПРОСЈАК, А ДЕНЕС ЗАРАБОТУВА 100.000 долари: Одлучил својата тајна даја подели со цел свет!

Андреј Јик, скоро пет години  живеел како просјак, а парите што ги добил ги штедел за да уреди студио и да започне канал на Јутјуб.
Андреј денес е познат човек од Јутјуб, кој преку својот канал заработил повеќе од 100.000 американски долари за само една година.
Тој вели дека неговиот пат до успехот денес не бил лесен. Иако во почетоците на својата деловна кариера немал идеја дека ќе стане Јутјубер, а камоли дека главна тема на неговите снимки би биле финансиите, па вели дека животот пријатно го изненадил.
Имено, пред на популарната социјална мрежа да почне со објавување на едукативни снимки за лични финансии, овој 30-годишник работел како снимател на наставни видеа за правилно извршување на трикови за волшебници за еден стартап, но и како советник за изработка на познатиот филм „Мајстори на Илузија 2″.
„Почнав сериозно да работам на 19-годишна возраст, кога започнав да се бавам со снимање и магија. Кога добив повик за снимање на познат филм, не се двоумев ниту секунда. Тоа за мене беше сон“, објаснил Јик.
Неговата опсесија со магијата но и со камера започнала уште во раното детство. Имено, неговите родители, пред да се преселат во Соединетите држави, долги години работеле во циркус во Русија.
„Со доаѓањето на Соединетите држави, нашите животи со текот на времето станаа потешки. Иако се преселивме заради добрата деловна понуда на татко ми, после неколку години се најдовме во голем долг. Мислам дека токму трагичната финансиска судбина на моето семејство е виновна за мојата кариера денес“, додал тој.
Откако пет години учел како да управува со парите, на крајот на 2018 година, Јик имал заштеда од 20.000 американски долари на својата сметка. Тогаш тој одлучил да ја напушти својата работа, да го опреми студиото и го објави првото видео минатиот јануари.
Денес, една година подоцна, неговиот канал има околу 323.000 следбеници, со годишна заработка од 100. 000 долари, што е за 40.000 долари повеќе отколку што заработувал како снимател, објаснува тој.

„Да, заработувам пари од реклами и бројни соработки денес, но за првите четири месеци претрпев големи загуби. Кога работите шест часа на истражување, тогаш уште три до четири часа на снимање и 10. часа на монтажа, а на крајот на месецот добивате минус на сметката, тешко е да продолжите, но јас не се откажав. Сега гледам дека мојата упорност се исплати “, заврши Јик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како сакаат хороскопските знаци: Едни само еднаш во животот, други можат да се заљубат во секого

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …