Гофан го совлада Надал но Шпанците одат понатаму!

Тениската репрезентација на Шпанија избори место во полуфиналето на првиот АТП куп со победата против Белгија од 2:1. После голема борба одлуката падна во дубл мечот.
Роберто Баутиста Агут на Шпанија и го донесе првиот поен со победата против Кимер Корејанс со 6:1, 6:4.
Потоа следеше вистинска драма во дуелот помеѓу Давид Гофан и Рафаел Надал, а Гофан на прекрасен начин ја сочува во живот Белгија победувајќи го првиот тенисер на светот со 6:4, 7:6.
Во првиот сет, Гофан работата ја заврши со брејк во деветтиот гем, втор кој го направи во сетот бидејќи претходно му го одзема сервисот на Надал во петттиот гем после што тој возврати со иста мерка, кога поведе со 5:4 и потоа го заокружи првиот сет.
Гофан имаше преднст на брејк и во вториот сет но Надал не би бил Надал кога би се предал. Шпанецот го врати брејкот и изгледаше дека во потполност е вратен во мечот, но претрпе два мини брејка во тајбрејкот и за Белгијанците тоа значеше дека остануваат во борба со дублот. За Надал пак тоа значеше дека нема време за одмор.
Белгискиот дубл го чинеа Сандер Жиле и Јран Филиген, а на другата страна беа Рафаел Надал и Пабло Карењо Буста. На крај славеа Шпанците со 6:7, 7:5, 10:7.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …