(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ „го скрши“ Шаповалов и ја одведе Србија во полуфинале на АТП купот

Србија ќе игра полуфинале на АТП купот откако Новак Ѓоковиќ го победи Денис Шаповалов и на својата репрезентација и го донесе вториот поен во дуелот со Канада.
Првиот поен го освои Душан Лајовиќ кој беше подобар до два сета од својот противник, Феликс Оже-Алијасим.
Најдобриот српски тенисер го победи младиот Канаѓанин со 4:6, 6:1, 7:6, после два часа и 40. минути игра.
Ѓоковиќ се намачи во дуелот со Шаповалов. Не го служеше сервисот како што очекувал, му било тешко да ја прочита намерата на ривалот, но на крај покажа колку е ментално јак.
Новак ја продолжи својата игра против Денис, од кого никогаш нема загубено. Денес го победи Шаповалов по петти пат.
Екипата на Србија во борбата за финале ќе се сретне со селекцијата на Русија а се очекуваат дуелите – Душан Лајовиќ и Карен Хачанов и Новак Ѓоковиќ и Денис Медведев.
Овој дуел на распоред е вечерва од 01. часот по македонско време.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Астралија, а терминот на играње е од 8. часот (наше време) во сабота.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИЛИОН ПРИЧИНИ ЗА ХУМАНОСТ – M0ZZART ВО ТЕКОТ НА 2021 ГОДИНА УШТЕ ПОВЕЌЕ ПОМОГНА НА ЗАЕДНИЦАТА

Преку низа општествено одговорни акции, оваа компанија донираше повеќе од 150.000 евра. Поддршка за здравствениот …