(ВИДЕО+ФОТО) ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА: Крис Хемсворт, Луис Хамилтон, Кајли Миног, Никол Киднам, Марго Роби…донираат и повикуваат за помош!

Секој ден славните личности од сите сфери апелираат за помош на борците со пожарите во Австралија, за обновување на уништетните подрачја и заштита на животинскиот свет…
Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, решил да помогне со 500.000 американски долари за да им помогне на оние кои се борат против пожарите во Австралија.


„Ми го кине срцето кога ќе видам каква штета пожарите им прават на луѓето и на животните низ целата земја. Во знак на поддршка на животинскиот свет, волонтерите кои се борат со ефектите од пожарите и пожарникарите во руралните делови на земјата ќе уплатам 500.000 американски долари. Доколку сте во можност, а ако веќе не сте го направиле тоа, помогнете и вие“, напишал Хамилтон на својот официјален профил на Твитер.


Никол Кидман сите луѓе со добро срце ги покани да помогнат во борбата со пожарите во Австралија.

Марго Роби со истата молба за помош се обрати со видео преку нејзиниот официјален профил на Инстаграм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дивееле со Ламборџини, полицијата им ги запленила автомобилите

ДИВЕЛЕ навечер со своите Ламборџини, а полицијата решила да го „награди“ таквото однесување. Иако суперспортските …