(ФОТО) СЕУШТЕ ИМА ДОБРИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ – Водоводџија на баба (91) и го поправил бојлерот: Сметката ја оставила без текст!

Џејмс Андерсон со години работи како водоводџија. Тој е професионалец во својата професија. Не е богат човек, но може да види дека на некои од неговите клиенти им е многу полоши отколку што му е нему.
Во неговиот роден град Барнли има многу постари луѓе кои имаат фиксен приход. Тој честопати е повикуван во нивните домови да поправи нешто за нив, но нема срце да им наплати, бидејќи тој знае дека немаат многу.
Тој сфатил дека на овие луѓе им е потребна помош. Наместо да наплати за својата работа, Андерсон отворил непрофитна организација за да со донации ја наплати работата во домовите на сиромашните граѓани.

Gepostet von James Anderson am Sonntag, 18. August 2019

Андерсон им помогнал на многумина кои не можеле да платат за неговите услуги. Но, една приказна била толку прекрасна што станала популарна низ целиот свет. На една жена и била потребна промена на бојлерот. Имала 91 година и страдала од леукемија.
Освен малата пензија, таа немала пари. Андерсон отишол кај неа, малку разговарале и нејзиниот бојлер бил саниран. Таа била многу среќна што и помогнал.

THE END HAS COMEDepher common interest community company. Delivered life saving emergency repairs to every elderly and…

Gepostet von James Anderson am Freitag, 23. August 2019

Но, нејзината ќерка и таа биле шокирани кога добиле извештај за услугата од сметката. Тие немале идеја дека Андерсон не наплатил за својата работа.
Било напишано:
„Ни под разно не и наплатувајте и на оваа дама. Ќе бидеме тука 24 часа на ден за да и помогнеме и направиме се за да и биде удобно“, а воедно било напишано и дека мора да плати 0 фунти за поправката.

Went to mum's yesterday and big drama boiler was leaking and I phoned my sister Delta who managed to contact a plumber…

Gepostet von Christine Anne Rowlands am Montag, 9. September 2019

Ќерката била толку трогната што сето тоа го објавила на Фејсбук. Наскоро, организацијата на Андерсон станала многу популарна.
Андерсон има навика да ги испраќа тие извештаи до секој на кои им помогнал за да знаат дека е таму за нив и ќе им помогне кога ќе им треба.

The community revolution is starting

Gepostet von James Anderson am Samstag, 21. September 2019

Пред ќерката на 91-годишната жена да ја стави објавата на Фејсбук, Андерсон имал многу финансиски потешкотии поради бесплатните услуги што ги давал, но наскоро почнале да пристигнуваат донации, па набрзина собрал дури 100.000 фунти за неговата организација.
Андерсон бил многу среќен за донациите, но како резултат на објавата, дознал дека има луѓе слични на него низ целиот свет – тие почнале да му се јавуваат за да дознаат како да отворат непрофитна организација за водоводџии.
Андерсон тогаш рекол: „Се надевам дека можеме да ги собереме заедниците низ целиот свет под капата на една цел, така што сите постари и немоќни, не само овде, туку и низ целиот свет, можат да добијат нешто од општеството“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОИ АНТИТЕЛА СЕ ПОДОБРИ – Од вакцина или после прележаниот вирус? Одговара вирусолог!

Вирусологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер, порачал дека сегашната состојба може …