(ФОТО) Џеј Ло со спектакуларен цветен фустан го покорила првиот црвен тепих во новата година

Синоќа започнал Palm Springs International Film Festival кој собрал многу познати холивудски лица.

Но, славната дама која најмногу се истакнала од сите останати била пејачката и глумица Џенифер Лопез која годината ја започнала во гламурозно издание. На црвениот тепих прошетала во спектакуларен акварел цветен фустан без прерамки и со раскошна пелерина и долг шлеп во која ја „исчистила“ конкуренцијата, но и самиот тепих.


Станува збор за креација на лондонскиот дизајнер Ричард Квин, а Џенифер го искомбинирала со елегантни бели салонки и сјајна нежнорозова клич ташна. Друштво на црвениот тепих и правел нејзиниот свршеник, пензионираниот безбол играч, Алекс Родригез.
Освен со фустанот Џеј Ло воодушевила и со фризурата како и нежниот но блескав мејкап со кој го нагласила природниот сјај.
Најголема конкуренција на црвениот тпеих и биле славните убавици Селма Хаек и Шарлиз Терон, но Џенифер овојат и двете успеала да ги засени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …