За секоја пофалба – Асови за хуманитарни цели: Киргиос парите ќе ги донира за жртвите на уништувачките пожари во Австралија!

Австралискиот тенисер Ник Киргиос е личност која редовно стасува на насловните страни низ целиот свет заради своето контроверзно однесување, но овој пат е во центарот на вниманието од благородни причини.
За поддршка на сограѓаните кои се борат со уништувачките пожари, Киргиос одлучи да покрене хуманитарна акција.
Тој ветил дека ќе плати по 200. австралиски долари (125 евра) за секој ас што ќе го отсервира на претстојните турнири.
Киргиос е еден од најдобрите сервери во светот, имаше во просек 16,6 асови по натпревар во текот на изминатата година.
Веднаш по објавувањето на Твитер, неговите сонародници Алекс Де Минаур и Џон Милман се вклучија во акцијата.
„Ќе дадам 250 УСД на час затоа што не мислам дека ќе можам да отсервирам многу асови како Киргиос“, рекол Де Минаур, напишал Милман.
„Не сум на твое ниво, но сакам да учествувам во ова. Ќе донирам 100. долари за секој ас“, напишал Милман.
Киргиос и кдруштвото парите ќе ги донираат на АТП Купот што започнува од денес (петок), Австралија опен и два турнира во Аделаид и Окленд кои му претходат на првиот Грен слем турнир во сезоната.
Да потсетиме дека од септември минатата година, 18 лица се загинати во пожарите во Австралија, при што повеќе од 1.200 куќи се уништени низ Нов Јужен Велс и Викторија. Најмалку 17. лица се пријавени како исчезнати по пожарот оваа недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА: Бергузар Корел за 11. годишнина на бракот открила што му посакува на Халит!

Брачниот пар Халит Ергенц и Бергузар Корел ги освоија срцата на публиката во Македонија со …