(ВИДЕО) ТЕЖОК ПЕРИОД – Киргиос го совладале емоции поради пожарите: Австралијанецот се расплакал после победата!

Големите пожари досега однесоа 18 животи во Австралија и уништија илјадници домови. Најновите проценки велат дека пожарот во источна Австралија проголта повеќе од 14. милиони хектари земја и уби околу половина милијарда животни.
Стотици илјади беа раселени, а сцените на оган и чад беа забележани од сателитите.
Контроверзниот тенисер Ник Киргиос повеќе пати го привлекува вниманието кон себе за своето однесување на и надвор од теренот, а овој пат го воодушеви светот со своите постапки.

Киргиос поради пожарите во Австралија, реши да започне хуманитарна акција. Тој вети дека ќе донира 200 УСД за секој ас излечен оваа сезона.
Како дел од АТП Купот што се игра во австралискиот Бризбејн, Киргиос денес се одмери со Јан-Ленард Струф, а по натпреварот се расплака поради пожарите што ја зафатија неговата земја.
“Пофалбите не ме интересираат толку. Само сакам да помогнам. Имаме можност и прилика да го направиме тоа. Воздухот во Канбера е најзагаден во светот и тоа е навистина е тажно. Тешко е”, рекол Киргиос низ солзи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА: Бергузар Корел за 11. годишнина на бракот открила што му посакува на Халит!

Брачниот пар Халит Ергенц и Бергузар Корел ги освоија срцата на публиката во Македонија со …