(ВИДЕО+ФОТО) Брук Шилд го покажала телото – би се посрамиле и девојките од „Чувари на плажата“!

Глумицата и модел Брук Шилд со 54. години е во неверојатна форма. Никогаш не изгледала подобро, а тоа одлучила да го поткрепи со фотографија во костум за капење која во овие ладни денови ја кренала температурата на Инстаграм.
„Уште една сина лагуна“, гласи кусиот опис покрај фотографијата со која гордо го истакнала рамниот стомак и витите нозе.

View this post on Instagram

another blue lagoon 💙

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Никој не можел да ги запре реакциите.
„Прекрасна си“ и порачала колешката Синди Крафорд, а други и порачале дека е божица.
Ако се прашувате како и успева во 55. година да изгледа вака одговорот е со многу работа и време кое го минува во теретана. Неретко објавува видеа од теретана каде прави вежби за стомачните мускули и други вежби за рамен стомак со што може да се пофали.

„Тешко е но дава одлични резултати, ја забележав разликата“, изјавила неодамна за магазинот Health кога открила дека најчесто практикува вежби на повлекување и стомачни кои се добри и за нејзиниот грб.
Не и е туѓо ниту да се послужи со додатоците за вежбање како што се еластични ленти или тегови, а понекогаш оди на часови по пилатес или SoulCyclea.

Освен тоа, на сите кои сакаат да ја копираат нејзината рутина им советува квалитетен и редовен сон, пиење многу вода и одбегнување алкохол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ …