БЕЗ СТРАВ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ – Се плашите дека ќе се здебелите? Треба да го направите само ова и не мора да се грижите!

Многу луѓе за време на празниците се дебелеат затоа што нивниот избор на храна е голем и не сакаат да се контролираат, убедувајќи се себеси дека можат да се релаксираат барем во овој период од годината. Но, се чини дека постои лесен начин да се спречи зголемување на телесната тежина, според новите истражувања на научниците од Универзитетот во Илиноис, пренесува FoxNews.
Тие дошле до заклучок дека кофеинот може да спречи зголемување на телесната тежина и производство на холестерол, дури и кога јадеме храна полна со маснотии и шеќер.
Истражувачите го направиле ова откритие откако на групата стаорци им дале четири недели им давале храна која 40 до 45 отсто се состоела од јаглени хидрати и 15 проценти од протеините. Покрај тоа, животните пиеле чај богат со фитохемикалии, флавоноиди и аминокиселини. Секој пат, преку чајот добивале помеѓу 65 и 130 милиграми кофеин, но ова не беше единствениот извор на овој стимуланс.

На крајот на експериментот, истражувачите заклучиле дека кај оние стаорци кои внесувале кофеин е помала количината на маснотии во организмот а дека неговото внесување ја намалила апсорпцијата на маснотиите за 22 проценти.
Што се однесува до луѓето, научниците веруваат дека зголемувањето на телесната тежина за време на празниците може да се спречи со пиење четири шолји кафе. Затоа, за време на празниците држете се до кафето, а ако тоа не помогне, не може да ве убие. Сепак, имајте на ум дека сепак треба да се воздржувате од слатки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …