(ВИДЕО) Листеста погача на коцки со сирење: Богат леб со крем полнење!

Никогаш доволно погачи, а во пресрет на празниците обично сакаме да пробаме нешто ново. Поради тоа денес ви донесуваме рецепт за полнета погача која е и’ вкусна и’ интересна, па сигурно ќе им се допадне на домашните…
Состојки: 550 – 600 г брашно, 200 мл млака вода, 20 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 5 лажици масло (50 мл), 2 јајца, 1 лажичка сол, 100 г маргарин, 250 г тврдо сирење, јогурт за мачкање, сусам за наросување.
Подготовка: квасецот истопете го во 200 мл вода, додајте 1 лажичка шеќер и малку брашно, убаво соединете и оставете да стои 5- 10 минути. Кога ќе стаса додајте јајца, масло и сол, изматете со дрвена лажица па постепено додавајте брашно. Замесете тесто кое не се лепи за рацете и оставете да стои 10 – 15 минути.
Истопете го маргаринот, а сирењето изронете го. Стасаното тесто поделете го на 10 – 12 дела, така што прво од целото тесто ќе направите ваљак, па ќе поделите на два дела, потворно ваљак и повторно поделете додека не го добиете потребниот број.
Обликувајте во убави топчиња а потоа секое расукајте го со сукало, намачкајте со истопен маргарин и наросете со сирење и редете ги корите една на друга.

Секојпат кога ќе додадете нова „кора“ со прсти малку залепете ги краевите. Како погачата ќе „расте“ во висина лесно истенчете ја со прсти од средина, секој пат кога ќе ставате нова кора. Последната кора не ја мачкајте со маргарин. Проверете ги рабовите, обидете се да ги залепите што подобро и повторно малку истенчете.
Округла тава намачкајте со маргарин, префрлете ја погачата и обидете се малку да ја истенчите, за да загуби на висина, а добие на ширина. Со остар нож или секач за пица погачата исечете ја на коцки, па покријте со чиста крпа и оставете да стои уште 15. минути.
Намачкајте со малку јогурт, со помош на четка, наросете со сусам и печете околу 30. минути во рерна загреана на 200. степени, додека убаво не поцрвени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секој трет човек има повишени маснотии во крвта а причината не е храната!

Зголемените нивоа на маснотии во крвта (хиперлипидемија) обично се откриваат случајно, на периодични и систематски …