ДО КОГА ЌЕ БИДАТ ТОЛЕРИРАНИ? ТИНЕЈЏЕР СО РАСПЕТИЕ МУ СЕ ОСВЕТИЛ НА СВЕШТЕНИК ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Истиот му го силувал таткото кој се убил кога ја дознал судбината на синот!

Еден тинејџер (19) од Франција е уапсен за убиство на свештеник, осомничен дека сексуално го злоставувал.
Александар V, чие име не е целосно откриено, го убил свештеникот Роџер Матасоли (91) во Агнец, северна Франција, и тоа со распетие така што го притиснал неговиот грклан, пренесува Дејли Меил.
Тинејџерот бил обвинет за мачење, убиство и отпор при апсење, а подоцна бил пренесен во психијатриска болница. Тој бил фатен како бега од местото на несреќата во автомобилот на жртвата.

Свештеникот е обвинет за сексуално злоставување на најмалку четири момчиња, меѓу кои и таткото на тинејџерот помеѓу 1960. и 2000. година. Тој бил пронајден мртов со знаци на мачење по целото тело, и на крајот починал од задушување.
Таткото на осомничениот се самоубил кога дознал дека истиот човек го силувал неговиот син, според француските извештаи. Полицијата води истрага под претпоставка дека станува збор за акт на одмазда, пренесуваат локалните медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО 16. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 150. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …