(ФОТО) Омилениот божиќен филм сето време ја криел правата вистина!?

На Интернет-форумите ја покренале темата и заклучија дека семејството намерно го оставило Кевин дома и дека тоа може да се забележи од неколку суптилни потези на сценаристите…
Поминаа 29. години од снимањето на филмот „Сам дома“, неопходен дел од празничната приказна. Главната sвезда, Маеколи Калкин (39) имал само 10. години кога се појавил филмот, а актерот го отелотвори 8.годишниот Кевин МекКалистер во филмот, кој по игра на случајот останува сам во куќата.
Бидејќи неговото семејство е големо, неговите родители забораваат на него, кога се подготвуваат за патувањето. Момчето наскоро станува мета на провалници кои сакаат да го ограбат неговиот дом, и тој дава се од себе за да ги спречи да го сторат тоа.
Како и сите популарни содржини во светот,и „Сам дома“ станал жртва на теории на заговор по форумите на Интернет. Така, корисниците на „Редит“ ја започнале низата и заклучиле дека семејството намерно го оставило Кевин дома и дека тоа може да се забележи од неколку суптилни реакции.

„Неговото семејство неколку пати го проверува списокот додека делат билети, така што Кевин не бил ниту на списокот“, тврди еден од форумиашите.
Откако беше објавен статусот, некои отидоа уште подалеку и започнаа дебата за тоа дали таткото на Кевин можеби намерно ги испратил крадците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Серена и Венус Вилијамс животот „го преточиле“ во филм – Улогата на таткото му припаднала на славен глумец!

Серена и Венус Вилијамс одлучиле својот живот да го претворат во филм… Познатите тенисерки, кои …