(ФОТО) Нешто друго им е поважно: Овие екстремно богати луѓе парите нема да им ги остават на своите деца!

Многу бизнисмени, милијардери и познати личности своето богатство, со тестамент, им го оставаат на децата, но тоа не е случај со сите. Според секоја веројатност, некои богати луѓе не ги сметаат своите пари за најдобра алатка во рацете на децата, пренесува Business Insider.
Еве кои се тие и кои се нивните причини за лишување потомство.

1. Најџела Ларсон

Британскиот презентер и новинар по кулинарство, која направи револуција во подготовката на храната и објави три книги за готвење, може да се пофали со имот од 15. милиони американски долари. Од првиот брак има две возрасни деца и една поќерка од втроиот и отворено зборуваше за тоа да не им остави пари.
„Сигурна сум дека моите деца не треба да имаат финансиска сигурност. Луѓето знае да ги уништи тоа што не мора да заработуваат пари“, рекла таа во една пригода.

2. Гордон Ремзи

Сопственик на ланец од 40. ресторани ширум светот, Гордон Ремзи е едно од најголемите имиња во британската ресторанска индустрија. Тој е познат по кулинарските телевизиски емисии како „Пеколна кујна“ и „Мастер Шеф“. Неговото богатство се проценува на 63. милиони долари, но не е наменето за неговите деца, кои го има пет и кои сè уште се возат во економска класа, додека тој и неговата сопруга Тана, летаат во прва класа.
„Го правам тоа, тза да не ги размазам. Се согласивме со Тана децата да добијат 25% од нашите пари. Јас го направив тоа богатство и имав среќа, па затоа почитувам сè што денес поседувам“, објаснил тој.

3. Ештон Качер

View this post on Instagram

Night out with the wife

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk) on

Ештон Качер, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, неодамна изјави дека тој и неговата сопруга Мила Кунис не ги одвојуваат парите во фондови за своите деца. Тој тврди дека сака да ги поддржи децата во започнување сопствен бизнис, но дека тоа нема да биде посебен третман.
„Моите деца живеат многу удобен живот без да бидат свесни за тоа“, рекол Качер во една пригода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …