УЕФА објавила 50. кандидати за екипа на годината: Изборот се одржува 19. пат по ред

Половина од номинираните играат во Англија. Најмногу ги има од европскиот првак Ливерпул. На списокот нема Италијанци…Најстар е Роналдо а најмладиот де Лит
УЕФА објавила список од 50. фудбалери, кандидати за екипа на годината. Има 21. репрезентација и 14. клубови…
Најдобрите ги избираат навивачите кои можат да гласаат на официјалната веб страна на УЕФА. Селекцијата е направена на основа на учинокот во домашните лиги, репрезентативните натпревари и Лига на европа, Европска лига и Суперкупот на УЕФА.
Еве ги кандидатите:
Голмани: Alisson (Liverpool), Ederson (Manchester City), Onana (Ajax), Oblak (Atletico Madrid), ter Stegen (Barcelona).
Одбрана: Jordi Alba (Barcelona), Alexander-Arnold (Liverpool), Azpiliqueta (Chelsea), Blind (Ajax), De Ligt (Juventus), Gimenez (Atletico Madrid), Kimmich (Bayern München), Koulibaly (Napoli), Laporte ( Manchester City), Piqué (Barcelona), Ramos (Real Madrid), Robertson (Liverpool), Tagliafico (Ajax), Van Dijk (Liverpool), Vertonghen (Tottenham).
Среден ред: Thiago (Bayern) Bernardo Silva (Manchester City), Bruno Fernandes (Sporting), De Bruyne (Manchester City), De Jong (Barcelona), Di Maria (PSG), Fabian Ruiz (Napulj), Fabinho (Liverpool) Henderson (Liverpool), Jorginho (Chelsea), Kanté (Chelsea), David Silva (Manchester City), Van de Beek (Ajax), Wijnaldum (Liverpool), Ziyech (Ajax).
Напаѓачи: Aguero (Manchester City), Aubameyang (Arsenal), Firmino (Liverpool), Gnabry (Bayern) Hazard (Real Madrid), Kane (Tottenham), Lewandowski (Bayern München), Mané (Liverpool), Mbappé (PSG) , Messi (Barcelona), Ronaldo (Juventus) , Salah (Liverpool), Son (Tottenham), Sterling (Manchester City), Tadić (Ajax).
Нема Хрвати а нема ниту Италијанци. Најмногу има Шпанци – седумина. Половина од номинираните играчи играат во Велика Британија. Кристиано Роналдо е на списокот 16. година по ред (Меси досега имал 14. номинации).
Енди Робертсон, освојувач на Лига на шампионите со Ливерпул е првиот Шкот меѓу 50. кандидати во 19. години колку што трае изборот.
Ливерпул има најмногу номинирани, десетмина. И’ најстариот и најмладиот се од Јувентус: Кристиано Роналдо (34) и Матијс де Лит (20)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Најлуд настап во историјата на Санремо: Погледнете ја изведбата на Ибрахимовиќ и Михајловиќ!

Она што со денови се најавуваше во Италија, се случи синоќа. Златан Ибрахимовиќ и Синиша …