(ВИДЕО) На оваа среќничка Бил Гејтс и бил Таен Дедо Мраз: Еве што се’ добила во пакетот тежок 35. килограми!

Во наградната игра на интернет е одредено дека славниот милијардер ќе биде нејзин „Таен Дедо Мраз“. Добила подарок тежок 35. килограми кој ја воодушевил.

Шелби од Мичиген е среќничката на која на интернетската наградна игра и се паднало милијардерот Бил Гејтс да и биде Таен Дедо Мраз, за што вели дека годинешниот Божик и бил најдобар од сите досега, барем кога станува збор за подароците.
Бил Гејтс редовно учествува во наградната игра „Таен Дедо Мраз“ – размена на подароци на „Редит“, а тоа го правел со навистина импозантни подароци.

Имено, подароците не ги избираат неговите помошници туку самиот Бил, кој се труди да осмисли оригинални, промислени и персонализирани подароци кои ќе ги подари на примачот, а до информации за тоа што сакаат и посакуваат доаѓа преку прашалникот кој го пополнува секој учесник,пишува Business Insider.

Иако богатиот пакет кој го примила тежел 35. килограми, Шелби вели дека најдраг и бил делот за подарок за донација за американското здружение за здравје на срцето во чест на нејзината мајка која во почетокот на годината починала од инфаркт.
Шелби досега учествувала во 95. размени на подароци на Редит и рекла дека секогаш мислела дека би било интересно да се додаде Бил Гејтс во улогата на „Таен Дедо Мраз“.

Тој милијардер и филантроп веќе пет години учествува во тие тајни размени и се радува во пронаоѓањето на лични подароци за секој примач на основа на прашалникот кој се исполнува на почетокот на размената.
Кутијата која ја примила била преголема за да ја собере во нејзиниот автомобил, а внатре пронашла персонализиран плакат со рачно напишана порака од Бил Гејтс и колекција промислени подароци кои ја воодушевиле.

Еве што Шелби пронашла во својот таен пакет од тајниот Дедо Мраз.
– Колекција книги објавени во 2019. година кои лично ги препорачува Бил Гејтс.
– Капа на Дедо Мраз во стилот на Хари Потер
– Обетки од Илијан Шилд, инспирирани од „Легендата за Зелда“
– Рачно изработена прекривка со тема „Легендата за Зелда“
– Висечка лежалка со мрежичка која штити од комарци
– Слатки – чоколадо со бадеми, чоколадо со нане и чоколадни желе бомбони
– Седум пакети Орео колачиња со различен вкус
– Играчка за мачки, за нејзината миленичка Ема


– Логичка игра на тема мачки
– Осум книги со тврди корици
– Копија од ракописот „Големиот Гетсби“
– Свеќа во која рачно е исечен одломок од „Големиот Гетсби“
– Два комплети „Лего“ за возрасни, еден кој се заснива на дворецот Хогартс од Хари Потер а друг на темел на R2D2 од „Војна на ѕвездите“
– Колекција меморабили инспирирани од серијата „Твин Пикс“, вклучувајќи тренерка, јакната која ја носела членка од актерската постава, книгата на режисерот Џонатан Сенгер и повеќе сценарија од втората сезона на серијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Она што прво сте го виделе на оваа слика ќе ви открие што има во вашето СРЦЕ

Овој тест за личност ја открива вашата емоционална состојба. Овој тест за личност со помош …