(ВИДЕО) Игор Џамбазов во „Еден на еден“: Во недела Џамбаз, меѓу другото, открива зошто не оди на одмор во Грција!

„Пред многу години во ‘Супер Бинго’, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.

Игор Џамбазов се враќа во новогодишната „Еден на Еден“ со Жаре, во недела, од 18.30 на Канал 5. Омилениот актер и шоумен искрено раскажува како му поминала цела година, работно и приватно.
Џамбазов периодов поретко оди во Стојаково и во Слепче, но затоа Дојран е неговата нова база.
„Јас сум дојранчанец со привремена работа во Скопје“, му рече Игор на Жаре.

Дојран му е омилен, но Џамбаз е еден од ретките кој речиси никогаш не оди на одмор во Грција.
„Пред многу години во ‘Супер Бинго’, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.
Во дел од нив му асистираше и неговиот стар другар Гуру Харе. Игор и Гуру Харе бендот се добро позната музичка екипа, па ни оваа „Еден на Еден“ нема да помине без нивните песни.
Нешто повеќе од она што нѐ очeкува во недела, погледнете во најавата:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Амазон ја снима најскапата серија во историјата на телевизијата

ПРВАТА голема серија на Амазон, според најавите, ќе биде најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи …