(ВИДЕО) Двајца исклучителни спортисти си помагаат: Роналдо го учи Ѓоковиќ да скока!

Средбата на спортските “вонземјани” предизвикала големо воодушевување кај нивните обожаватели, но и кај целиот свет.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо се дружеле во теретана.
Во таа прилика, асот на Јувентус го учел вториот рекет на светот еден трик, а таа снимка ја објавил на Инстаграм.
“Го учам Ноле како да скока. Беше задоволство да се дружам и да тренирам со тебе”, напишал славниот Португалец во описот на видеата кое за само 15. минути добило повеќе од половина милион лајкови.

Средбата на спортските “вонземјани” предизвикала големо воодушевување кај нивните обожаватели, но и кај целиот свет.
Високиот скок на Роналдо, во стил на НБА кошаркарите, стана хит ширум светот кога на мечот во Серија А против Сампдорија постигна гол со глава.
Роналдо е на мини пауза во Дубаи помеѓу две полусезони по поразот од Лацио (3:1) во Суперкупот на Италија во Ријад, додека Ѓоковиќ се подготвува за новата сезона која стартува во Австралија на премиерниот АТП куп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …