(ФОТО) Објавила прва слика после породувањето: Познатата глумица бргу се вратила во форма!

Актерката Блејк Лајвли, на задоволство на обожавателите, ја објавила првата слика по породувањето.
Блејк во целосна тајност ова лето родила девојче чие име сè уште не е познато на јавноста.
Актерката веќе подолго време криела дека е повторно бремена и го очекува своето трето дете со актерот Рајан Рејнолдс, за што се дознало во мај оваа година, кога се појавила со трудничкото стомаче на премиерата на „Покемон Детектив Пикачу“.
Од породувањето, Блејк досега не се појавила во јавноста или објавила фотографии од себе на социјалните мрежи. Актерката објави фотографии од Њујоршкиот музеј за сладолед, во кој нејзината ќерка го прослави својот петти роденден.

Актерката под фотографијата напишала, „Сега разбирам зошто сите врескаат“, и додала емотикон за сладолед. Фотографијата добила повеќе од два милиони лајкови за кратко време, а Блејк е видливо насмеана и расположена.
Забележително е дека актерката е задоволна и исполнета и дека таа брзо се врати во форма по породувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува …