(ФОТО) Диетата со мандарини е хит во светот: За 3. дена „топи“ 3 килограми – Подгответе се на време за празниците!

На љубителите на мандарините би можела да им се допадне диетата во која ова овошје ја игра главната улога, што би требало да помогне при слабеењето.
Мандарините се полни со витамин Ц, содржат малку шеќер и многу вода, а покрај тоа што освежуваат, ја зајакнуваат енергијата без внесување на многу калории.
Тие го поттикнуваат метаболизмот и се одлични за слабеење. Поради тоа, диетата со мандарини е многу барана во светот.

Познато е дека агрумите имаат добар ефект врз варењето, а мандарините се особено истакнати во оваа група на храна. Поточно, 100. грама мандарини содржат околу 50 калории, но исто така и импресивни 30 милиграми витамин Ц. Тие исто така содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3, и се богати со растителни влакна. Затоа експертите се согласуваат дека тие се одлична замена за парче торта или овошен сок со додадени шеќери.
Покрај истражувањата кои покажуваат дека редовното консумирање на мандарина помага во спречување на срцев удар, дијабетес, мозочен удар, есенцијални масла добиени од кората од мандарина се користат за релаксација, како и за борба против несоница.
Интересно е дека мандарините можат да помогнат да се исчисти телото од токсините и да истопат килограми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Marella Stories: Катерина Ангеловска за успехот, духовниот развој, и нивното влијание на нашиот стил

Marella Stories ги истакнуваме успешните дами кои се познати не само по своите достигнувања, туку и …