Жозе Мурињо: ВАР ја убива Премиер лигата, најдобра на светот!

Коментирајќи ја суспензијата на Хjeонг-мин Сон, менаџерот на Тотенхем, Хозе Мурино, рече дека тој не е баш обожавател на ВАР технологијата.
Судијата Ентони Тејлор првично не забележа фаул, но Пол Тирни донесе одлука да додели црвен картон во поразот од (2:0) Челзи.
„Таа ситуација со Син, мислам дека г-дин Тирни згреши. Одлуката е погрешна. И’ во Англија, во Премиер лигата, најдоброто натпреварување во светот, со карактеристиките што ги имаме и ако нив ги промениме, тогаш ја убиваме најдобрата лига во светот“, рече Мурињо, и додал:
„Пол Тирни одлучи „да“ а Ентони Тејлор беше на пет метри оттаму и рече дека не е за црвен картон. Кој тогаш суди?Тоа не е г-дин Тејлор, туку г-дин Тирни. ВАР требаше да биде поддршка на фудбалот, да остане верен на спектаклот, а го направија тоа што го направија со пеналот и го убија натпреварот со одлуката за Сон“.
Тотенхем на 18 натпревари во Премиер лигата ја сочуваа мрежата недопрена двапати.
„Знам како да го поправам, но и да работам 100%, ќе треба да му одземам на тимот некои од квалитетите што сакаме да ги задржиме. Не е тешко да се концентрираме на одржување на целта, подобрување на организацијата во одбраната и на тоа да не се прават грешки. Но, тешко е да се постигне сето ова без да се изгубат офанзивните квалитети. Ни треба време“, вели португалскиот стручњак.
Тотенхем сега се наоѓа на седмото место на табелата со шест бода помалку од четвртопласираниот Челси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џули во Белград дошла поради Ѓоковиќ – „Најдобар ден во мојот живот“

Еден од можеби најверните обожаватели на Новак Ѓоковиќ, Џули, го посетила Белград и ја искористилс …