Во месецот на љубовта: Ексклузивен концерт на Раде Шербеџија во Филхармонија

Најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија, на 25. февруари.2020. година ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, во Филхармонија
Раде Шербеџија овој пат во Скопје доаѓа со концептот „Ti bi htjela pjesmom da ti kazem“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Ne daj se Ines“, „Meni se dušo od tebi ne rastaje“, „Ćekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.
Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.


Влезниците за концертот на Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба утре (25.12) наутро, по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.
Харизматичниот Раде доаѓа во Скопје- настан што дефинитивно не се пропушта!
ВАЖНО: Се одржува само еден ексклузивен концерт!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика”

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во …