(ФОТО) Фановите шокирани со нејзиниот изглед: Глумицата со пластични операции го уништила лицето!

Ниту познатата актерка не одолеала на трендот да оди под нож…
Нејзиното лице многу пати е прогласувано како едно од најубавите во светот, на нејзиниот изглед никој не останал рамнодушен, а денес ситуацијата е поинаква. Желбата да се изгледа младо засекогаш не ја заобиколила ниту Мелани Грифит.


Последниве години, се чини дека трендот на младоста се прошири, па малку дами во зрелите години му се спротивставуваат. Многу холивудски ѕвезди се обидуваат да ја задржат својата младост премногу долго, и како резултат стануваат непрепознатливи и целосно го уништуваат лицето.


Поранешната холивудска дива, според сите извештаи, нема намера да престане да го трансформира својот изглед и да прави прилагодувања. Нејзините обожаватели велат дека денес едвај ја препознаваат.

Се чини дека Мелани Грифит многу тешко го прифаќа фактот дека времето минува и сите ние старееме. Таа има желба да остане засекогаш во осумдесеттите, во времето кога беше млада, убава и мега популарна.


Во оваа желба таа целосно го деформирала лицето, толку и е затегнато, што тешко може и да се смее.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Епицентарот близу Дубровик – се тресело тлото и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е забележан синоќа, на границата на БИХ …