Починала првата француска Бонд девојка

Француската актерка Клаудин Оже, која се прославила како прва „француска девојка“ на Џемс Бонд, починала на 79-годишна возраст, објави денес агенцијата Тајм Арт.
Со Шон Конери во улогата на „Агент 007“ таа глумела во „Операција гром“ (1965). Клаудин Оже почнала со споредни улоги во филмовите на Роми Шнајдер и Ален Делон. Долго пред другите Бонд девојки – Ли Сеиду, Ева Грин, Керол Бука, Клаудин Оже била „Доминик Дервал – Домино“, девојка која му помага на агентот.

„Бонд девојка“ станала и покрај силната конкуренција од Ракел Велч, Феј Данавеј и Џули Кристи. Клодин Оже својата кариера ја започнала како модел, станала „Мис Франција“ а во 1958. година била прва придружничка на „Мис на светот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Твоето лудо срце: Потресна порака на синот на Ѓорѓе Марјановиќ

Легендата на југословенската поп музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст, на 15. мај оваа …