ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ БРУТАЛНО СИ ЈА УБИ СОПРУГАТА: До смрт ја избодел со нож во лицето па ја оставил да умира во маки!

Македонец кој минатата година ја уби својата сопруга на најбрутален начин, задавајќи и 51 убод со нож, се појавил вчера пред судот во Вил (швајцарскиот кантон Санкт Гален).
Крвопролевањето се случило на 18.05.2018 година во нивниот стан во Вил и, како што се наведува во обвинението, тие се скарале, околу пладне, околу тривијална работа.
Во 13. или 13.50. часот, двете возрасни деца ја напуштиле куќата, по што Македонецот зел нож од кујната и го ставил во задниот џеб на пантолоните.
Потоа отишол во спалната соба, во која се повлекла неговата сопруга, исто така Македонка (44). Повторно се разгорела жестоката расправија поза да 47-годишниот маж го извлекол ножот и почнал да ја прободува: и ги бодел лицето, вратот и торзото,а патолозите броеја 51 убоди.

Ги преслекол крвавите пантолони
Додека тешко повредената жена лежела на подот, убиецот ги сменил крвавите пантолони, ја напуштил просторијата и ја заклучил вратата. Во обвинението се тврди дека тој го измил ножот и го оставил на место.
Околу 14.10 часот ја напуштил куќата, каде ја оставил сопругата што умира, ја заклучил вратата и отишол директно во полициската станица.

Направил „глупост“
Таму земал бројот и седнал во чекалната. Кога после половина час дошол на ред, на полицаецот на шалтер му рекол дека „направил глупост“, дека ја нападнал жената со нож, дека е дома и не знае како е.
Во обвинението се тврди дека во моментот на злосторството, Македонецот страдал од параноидна шизофренија. Тој бил свесен за незаконитоста на она што го сторил, но поради нарушувањето не можел да постапи соодветно.
Му се заканува протерување
Обвинителството барало 12 години затвор, со одложување на извршувањето во корист на хоспитализиран третман. Датумот на отпуштање од психијатриска болница не е утврден, но зависи од успехот на третманот.
Обвинителството исто така барало протерување од земјата на 15 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …