(ВИДЕО) Оваа серија има најдобар крај во последните 20. години!

Последната епизода на култниот ситком „Пријатели“ е прогласена за најдобро ТВ завршување во последните 20. години.
Оваа информација не е изненадување, со оглед на тоа што дури 52,5 милиони луѓе го гледаа крајот на серијата што се емитуваше во 2004. година, со што стана едно од најгледаните завршувања во историјата на телевизијата. Емотивната завршница го означи не само крајот на серијата, туку и крајот на безгрижното и позитивното лудило што го доведоа 90-тите и пријателите на целиот свет.
Без разлика дали сте обожавател на „Пријатели“ или не, лесно може да се види зошто завршувањето е толку сакано. После десет сезони, во последната епизода, секој оди на своја страна, Моника и Чендлер одат да живеат во предградие со близнаците, Џои заминува да прави актерска кариера, животот на Фиби продолжува со Мајк, а Рејчел и Рос конечно завршуваат заедно.


Крајот на серијата е симболично илустриран со иселување од станот на Моника, каде останале само празните sидови. „Во ред, дали ќе се напиеме кафе?“, прашала расплаканата Рејчел при излегувањето од станот, а Чендлер се пошегувал со прашањето: „Каде ќе одиме?“, иако сите знаат дека последното кафе ќе го испијат во култниот Централ Парк, кој беше лајтмотив на целата серија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 25.01.2022: Постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство, не е дозволено сè што сакате…

Овен Љубов: Вашата гордост излегува на површина и тоа е позитивен знак во љубовниот дијалог. …