7. видови овошје и зеленчук кои морате да ги јадете во декември ако сакате добар имунитет!

За време на студените денови, на телото му недостасуваат витамини и минерали, кои ги добивме во текот на летото од свежо овошје и зеленчук.
Во декември, нашата кожа станува сува и нашиот имунитет се намалува. Но, ако ги консумирате овие производи во декември, можете да со сочувате здравјето:
Киви

Ова е неверојатно здраво и вкусно овошје кое се појавува на полиците кон крајот на есента и раната зима. Содржи високо ниво на витамин Ц, растителни влакна и основни микроелементи. Нутриционистите велат дека кивито има прекрасни својства: го нормализира срцето, го спречува ракот, го зајакнува имунолошкиот систем и ја нормализира работата на бубрезите.
Праз

Празот е вистински магацин на хранливи материи. Содржи витамини Ц, Е, Б1, Б2, каротин, калиум, железо и магнезиум. Поради сето ова, празот е вистински антиинфламаторен лек. Помага при дигестивни нарушувања и настинки. Во зима, нè штити од вируси и бактерии.

Магдонос


Листот и коренот на магдоносот се екстремно лековити бидејќи помагаат да се елиминира отровот од телото, но и да се подобри имунитетот. Тие спречуваат срцеви заболувања. Се смета дека коренот од магдонос ги смирува нервите, а листот од магдонос ги чисти бубрезите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …