Никогаш не се задоволни со себе: Три хороскопски знаци на кои критиката им е второ име

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Додека некои луѓе по природа се опуштени и не ставаат притисок на себе или на другите, сепак има и такви кои се многу критични и секогаш поставуваат премногу високи очекувања за себе и за другите.
Припадниците на овие хороскопски знаци се многу строги, па затоа недостатоците тешко можат да ги простат па дури и на самите себе. Тие секогаш се споредуваат со другите и за себе го избираат најлошото од таа споредба. Ако вашиот хороскопски знак е меѓу нив,не бидете остри кон себе, едноставно обидете се се’ да свртите кон позитивните мисли и запомнете: никој не е совршен.
Рак
Раковите честопати губат многу време размислувајќи за тоа што не е во ред со нив. Тие се склони кон нарушувања во исхраната, бидејќи постојано се грижат за нивната тежина. Иако не веруваат во диети, тие постојано се обидуваат да изгубат вишок килограми. Тие нема да ги послушаат мислењата на другите луѓе, но честопати ќе се осудат.
Риби
Рибите би биле најсреќни доколку сè им оди мазно цело време, а кога нема да биде така, тие ќе се обвинат себеси и ќе мислат дека тие самите се причина за сè што тргнало наопаку. Не им е туѓо самосожалувањето и тоа произлегува од потребата постојано да се осудуваат себеси и другите. Тие попрво ќе му простат на другиот отколку на самите себе.
Девица
Девиците со себе го носат товарот на вината, без оглед на тоа што прават. Тие нема да се осудат затоа што мислат дека се лоши луѓе, туку заради тоа што мислат дека направиле лошо. Тие исто така се строги кон другите. Ако заклучатт дека направиле нешто лошо, ќе се препуштат на самосожалување и во тишина ќе ги лекуваат раните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскопски парови кои во креветот имаат експлозија на страст

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …