(ВИДЕО+ФОТО) ДНК РЕГИСТАР – МИСЛЕЛА ДЕКА ЗАСЕКОГАШ ГО ЗАГУБИЛА СИНОТ, А ГО НАШЛА ПОСЛЕ 30. ГОДИНИ: Потресна средба која не остава рамнодушен!

Ли Јијан (33) исчезнал на тригодишна возраст кога тој и неговото семејство биле на прошетка по улиците на Чангжу во 1989. година.

Човекот познат под прекарот Јијан Јијан, потоа пораснал во друг град 90. километри од родителите, откако еден човек го нашол на железничка станица и го однел дома,а подоцна и со усвоил, соопштила полицијата. Јијан Јијан и неговата мајка биле во можност да се пронајдат благодарение на кинеската база на податоци за исчезнати лица, градот Јазуо, се вели во соопштението на полицијата во градот.
“Сине, доаѓа мама”, плачела г-ѓа Ли додека брзала да го гушне своето дете.

“Jијан Јијан, го чекам овој ден веќе 30 години. Цело време си бил толку блиску до дома, но мајка ти ве бара веќе 30 години”, рекла г-ѓа Ли додека нејзините ќерки ја придржувале. Јијан Јијан исто така бил совладан од емоции и плачел додека мајка му го гушкала. Тој ги избришал солзите од лицето на неговата мајка и ја утешил.
Според полицијата, Јијан Јијан се разделил од семејството на 8. април 1989. година околу 15. часот во центарот на градот Чангжу. Неговото семејство испечатило илјадници летоци но не нашле никакви трагови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …