(ВИДЕО) Посна солена торта: Предјадење за слава од кое нема да се срамите!

Наш предлог за предјадење за слава…
Потребно е: 1 конзерва туна (180 г), 150 – 200 г посен маргарин, 200 г посен мајонез, 1 лажица сенф, 300 г посни крекери, 50 г препечен сусам, 2 кисели краставички, 2 варени моркови, 2 варени компири, 1 кисела пиперка, 50 г печени кикирики, 200 г пресол (течност од киселите краставички)
Подготовка:пенесто изматете го маргаринот, додајте мајонез. Се’ измешајте. Краставичките, компирите, морковите и пиперката исечете ги на ситни коцки па во тоа додајте го изматениот маргарин со мајонез. Додајте го сенфот и убаво измешајте.
На тацна редете солени крекери, но претходно малку натопете ги во пресолот од краставички. На наредените крекери намачкајте од филот, убаво распоредете и повторно ред фил и така се додека не го потрошите материјалот.
По горната површина намачкајте со чист мајонез, како и од страните. Наросете со препечениот сусам и крупно сечкани кикирики.
Тортата направете ја 1 – 2 дена порано, крекерите да впијат од филот и тортата да се стегне.
Сечете на коцки и послужете.
Пријатно!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …