(ФОТО) ОРИГИНАЛНО И ЕДУКАТИВНО: Елката на аеродромот во Литванија украсена со запленети предмети!

Аеродромот во Вилнус е украсен по повод наредните празници, но на потполно оригинален начин. Поточно,елката која е таму поставена е украсена со збир од предмети запленети меѓу багажот на патниците.
Ножеви, кутии со куршуми, приклучоци и други предмети што не можеле да се внесат во авионот биле конфискувани во текот на годините, а потоа управата на аеродромот во Литванија решила да направи новогодишна елка со натпис: „Можеме да гарантираме дека не сте виделе вакво нешто. Ова дрво има сè , од ножеви, ножици, запалки и сите видови на други опасни материи “.
Официјалните лица на аеродромите велат дека ова дрво служи како пријателски потсетник за важноста на безбедносниот аспект во авијацијата, односно има едукативна цел.
“Ако не сакате вашите лични работи, кои исто така се забранети, да ги најдете на следната новогодишна елка, треба да проверите што е дозволено да се носи во вашиот багаж пред да се спакувате за вашиот следен лет. Безбедно патување!”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Стручњаците за говор на телото ја анализирале средбата на Џенифер и Бред – Резултатите ќе ве шокираат!

Дали мислите дека Џенифер треба да му прости за сè? Состанокот на поранешните сопружници Пит, …