(ВИДЕО) НБА – Харден втор натпревар по ред постигнува 50. поени и испишал нова историја во НБА лигата

Кошаркарите на Хјустон  убедливо победија против Орландо со резултат 130:107, со одличниот Џејмс Харден повторно во првите редови.
Најдобриот играч на Рокетс го заврши вториот натпревар во низа со повеќе од 50. постигнати поени, а во Орландо застана на 54 со 19/31 удари од игра, 10/15 за три и 6/6 од линијата за слободни фрлања.
Тој додаде пет скокови, седум асистенции, две украдени топки и три изгубени топки и блокади за 36 минути на теренот.
Влегува во негова навика
Харден веќе постигна пет пати повеќе од 50 поени оваа сезона, а интересно е да се напомене дека тој погоди десет удари за три во вториот последователен натпревар, со што стана прв во историјата што го стори тоа. Пред две вечери, тој постигна 10/18 против Кливленд за три.
Тој стана и првиот кошаркар по Стивен Кари кој врза два натпревари со десет или повеќе постигнати поени. Кари го стори тоа во февруари 2016 година.
Тројките пресудиле
Орландо му се спротивстави на расположението на тандемот Харден – Вестбрук но само до полувремето, но тие не можеле да се спротивстават на големиот проецент погодени тројки на гостите.
Рокетс погодиле 18 тројки од 29 обиди и потоа рутински успеале мечот да го приведат до крај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Гордоста на Македонија од Италија се враќа како шампион: Браво Иџе!

Најдобриот македонски автомобилски ас, Игор Иџе Стефановски, викендов имаше нов предизвик – трката на Валелунга …