(ФОТО) Ова кино седиштата ги заменило со брачни кревети – изгледа најудобно од било кога!

Замислете да одите на кино и таму ве чека удобен брачен кревет во кој можете да легнете и да гледате филм? Не мора повеќе да замислувате, бидејќи токму таква кино сала постои во Швајцарија.
Швајцарскоиот Cinema Pathé Schweiz отворила „ВИП спална соба“ која била создадена за да им овозможи на гледачите искуство да гледаат филм исто како дома, само на поголем екран. Креветите имаат подвижни потпирачи за глава, удобни постелнини и маси од секоја страна за храна и пијалок.


Gepostet von Pathé Schweiz am Donnerstag, 9. Mai 2019

Цената е околу 2.650 денари (околу 42. евра) а за тоа добивате билет за себе и за пријател, дечко, девојка или друга драга личност што ќе ја однесете на кино, како и бесплатни закуски и пијалоци за сервирање додека лежите во кревет. Дури добивате и влечки, за да го направите домашното искуство целосно.
За „хигиенските фрикови“ кои може да бидат загрижени за тоа што некој лежел во тој кревет пред нив – шефот на киното, Ванзанио Ди Бако за My Modern Met, открил дека тие внимаваат на хигиената и ги менуваат и перат чаршавите по секоја претстава.
Покрај просторијата со кревети, ова кино има и просторија со софи, но и просторија со тобоган за деца.


Gepostet von Pathé Schweiz am Samstag, 11. Mai 2019

Не е лошо, ха!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …