(ФОТО) Владе Дивац и Бјелица играле кошарка со затворениците од најлошиот затвор

ФОЛСОМ е еден од најстрогите американски затвори во кој е извршена смртната казна, на над 93. затвореници, подеднакво злогласен по тоа и славен како место на одржување на славниот концерт на Џони Кеш, а се наоѓа на само 30. километри од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.
Еден од симболите на тој град е НБА клубот Сакраменто Кингс, а неговите играчи, предводени од менаџерот Владе Дивац го посетиле блискиот затвор.
Ги обиколиле сите делови на славната институција, се дружеле со затворениците, зборувале со нив, а круна на посетата бил и кошаркарскиот меч и фотографирањето со воодушевените затвореници.
Кингси вака известиле за посетата на Фолсом:„Како дел од иницијацијата ‘Играј за правда’, го посетивме државниот затвор Фолсом за да разговараме и играме кошарка со затворениците за да ја зголемиме надежта и искупувањето со цел да се симне стигмата поврзана со поединци -диспропорционално кон луѓето со различни бои на кожата и сиромашните – кои се наоѓаат на издржување на затворска казна“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Стручњаците за говор на телото ја анализирале средбата на Џенифер и Бред – Резултатите ќе ве шокираат!

Дали мислите дека Џенифер треба да му прости за сè? Состанокот на поранешните сопружници Пит, …