Топчиња од кокос: Рецепт за омилениот празничен десерт без млеко во прав

Многумина за празниците ќе подготвуваат ситни колачи. На празничната трпеза посебно се истакнуваат разни „бомбици“, а меѓу најпопуларните се оние од кокос кои често се прават со млеко во прав.
Во продолжение откријте ја најдобрата верзија на рецепт во кој млекото во прав го заменило бело чоколадо.
Состојки:
100 г кокосово брашно
300 г бело чоколадо
150 мл слатка павлака
кокосово брашно за валкање
Подготовка: чоколадото искршете го на коцки. Слатката павлака загреајте ја скоро до вриење па полијте го чоколадото. Мешајте со дрвена лажица додека чоколадото не се истопи и не се поврзе со павлаката. Вмешајте го кокосот, измешајте и оставете да се излади на собна температура. Кога смесата ќе се излади префрлете ја на еден час во фрижидер.
Извадете ја смесата од фрижидер. Со лажичка земајте од смесата па со раце обликувајте малечки топчиња кои потоа ќе ги валкате во кокосово брашно.
Топчињата префрлете ги во хартиени корпички и префрлете во метални кутии за чување слатки (или пастични) и префрлете во фрижидер.
Совет: Ако повеќе сакате црно чоколадо можете да го користите наместо белото. Постапката на изработка е идентична. Само морате да го прилагодите количеството на слатка павлака. Во тој случај користете 300 г темно чоколадо и 250 мл слатка павлака. Во секое топче можете да ставитепо еден печен лешник и во двете варијанти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Бонбониера колач“: Врвен десерт а се подготвува без мака!

Ова е врвен десерт а се подготвува без мака – без варење и печење! Состојки: …