Медењаци: Рецепт за празнични колачиња кои траат и по еден месец

Медењаците се еден од најпопуларните божиќни колачиња, а ние ви го донесуваме наједноставниот рецепт со помош на кој се’ ќе испадне совршено.
Состојки:
150 г путер
150 г мед
350 г меко брашно
100 г мелени ореви (ако не ги сакате или сте алергични слободно изоставете ги)
2 малечки и 1 поголемо јајце
1 лажичка сода бикарбона
зачини по желба (цимет, анис, ѓумбир…)
Подготовка:брашното ставете го во поголем сад, додајте сода бикарбона и ореви па убаво измешајте. Ако користите зачини ставете ги сега, во оваа фаза. Путерот исечен на тенки ливчиња ставете го во брашното и со прстите се лесно изронете, да добиете налик на трошки.
Во смесата од брашно и путер додајте ги претходно изматените јајца и повторно малку промешајте, додајте мед па со раце замесете мазно и меко тесто. Завиткајте во прозирна фолија и ставете на еден час во фрижидер.
По ладењето извадете го тестото од фрижидер и со лажица (со сакана големина) грабајте од смесата па со раце обликувајте топчиња. Ако сакате големи медењаци користете голема лажица. Редете ги медењаците во сад за печење покриен со хартија за печење. Оставајте простор помеѓу нив бидејќи во текот на печењето ќе се надујат.
Печете ги 10 минути во рерна загреана на 180 степени или додека не забележите дека работ на дното на медењаците е со темно кафеава боја. Не грижете се ако на врвот се малку меки, ќе се стегнат после печењето.
Глазура за украсување на медењаците
Колачињата можете да ги украсите со класична бела боја за која ќе ви треба:
100 г шеќер во прав
3 лажици сок од лимон
Измешајте ги шеќерот во прав и сокот од лимон. Глазурата не смее да биде многу густа, но не смее ниту да се разлева.
Глазурата можете да ја ставите во кесичка за украсување а ако је намета користете обично ќесе за замрзнување. Цела глазура стиснете ја во еден агол на ќесата, а потоа со ножички исечете го врвот. Дупчето навистина мора да биде малечко за да глазурата што ќе излегува од неа биде што потенка.
Совет: од тестото не мора да правите топчиња туку после ладење расукајте го и сечете ги саканите форми.
Медењаците имаат доста долг век на траење. Во метална кутија ќе издржат и цел месец, а ако сакате да им ја вратите свежината во кутијата ставете парче јаболко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Фото Галерија) На ова 8. годишно момче му бил дијагностициран аутизам: Мајка му ја открива тајната како „го отклучила“

Мајка од Аризона била „со скршено срце“ кога на нејзиниот син му бил дијагностициран аутизам, …